Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека не e случајно што се разболел од корона, туку, како што тврди, со вирусот бил заразен бидејќи болеста му била подметната.

Ми го подметнаа овој вирус корона. Ние сега го истражуваме тоа, рече Лукашенко, пренесува Спутник.

Никогаш не сме го негирале постоењето на вирусот корона, но медиумите тоа го толкуваа на тој начин. Како некој може да негира нешто што навистина постои? Ова е прва работа, а втората – се должи на фактот дека бевме многу внимателни во тој поглед, вирусот се развиваше побавно отколку кај другите. Јас дури и ги знам имињата на двајцата што го донесоа вирусот. Јас морав се тоа да го направам. Јас контролирав сè. Тие можат да ме убијат, но јас нема да бегам никаде – рече Лукашенко.

Тој истакна дека болеста ја прележал на нозе и дека имал полесна клиничка слика.

Според најновите информации, во Белорусија се регистрирани 68.503 случаи на коронавирусна инфекција, од кои 580 лица починале.


Напишете коментар