По завршувањето на претседателските избори во Белорусија започнаа протестите на опозицијата. Стотици луѓе излегоа во неколку градови, незадоволни од изборните резултати.

Неколку стотици демонстранти се собраа во центарот на Минск. Почнале да фрлаат камења кон полицијата, по што полицијата одговорила со светлечки ракети, водени топови и солзавец. Одекнаа неколку гласни експлозии. Има и повредени.

На плоштадот излезе и брза помош. Неколку лица се повредени, меѓу кои и новинар на АП.

Демонстрантите подигнуваат барикади, извикуваат, осветлуваат факели и мавтаат со национални знамиња. На подрачјето каде се одвиваат немирите, постои силен мирис на солзавец.

Покрај Минск, приврзаниците на опозицијата протестираат и во Витепск, Гродно и Брест. Полицијата таму врши апсења на демонтрантите. Сепак, најзатегната е состојба во главниот град на Белорусија. Постои посебна техника што се користи за распрснување на демонстрациите.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ја контролира состојбата на местата каде се одржуваат протестите. Активирани се сите припадници на полицијата, како и „дополнителни сили“.

Инаку според првичните податоци, сегашниот претседател Александар Лукашенко победи на претседателските избори во Белорусија со околу 80 отсто освоени гласови!


Напишете коментар