Прв пат по 12 септември 2019 година, Љупчо Палевски Палчо објави пост на својот фејсбук профил.

Рано сабајлево, Палевски напиша: Осум месеци Србиве ме носеа на суд во Хрватска, а Хрвативе за десет дена ме пуштија раат, Јустинијана на Балканов е класична курветина!

Палевски објави и фотографија на која се гледа море и мали чамци во позадината што може да асоцира дека е фотографиран во некој хрватски град на Јадранско море.

Палевски повеќе од осум месеци беше во естрадиционен притвор во Србија, а како што може да се дознае, последните десет дена во притвор во Хрватска. По објавата може да се извлече заклучок дека судските перипетии за него се завршени.

Кон средината на септември минатата година Палевски беше успсен на Аеродромот Никола Тесла во Белград на пат за Москва, а по меѓународна потерница од Хрватска.

Во тој момент тој имаше договор со Солза Грчева да биде генерален секретар на Глас за Македонија.

По неговото апсење луѓето од неговото движење Трета не го најдоа своето место под сонцето во Глас за Македонија, а по неколкуте постови на Грчева за вакцините и 5Г влегоа и во јавна конфронтација со неа.

Симпатизери на Трета, додека Палевски беше во притвор во Белград, пишуваа по социјалните мрежи дека неговото апсење е договорено меѓу Сашо Мијалков и поранешниот министер на полицијата во Хрватска и лидер на ХДЗ, Томислав Карамарко.

Палевски беше поранешен Претседател на СДСМ во Скопје а во последните години имаше и периоди на пријателство со Заев и Мицкоски и периоди на силни напади кон нивната политика.

Ќе видиме каков ќе биде идниот политички ангажман на Палевски. Палевски беше близок пријател со синот на Зоран Верушевски, Александар Верушевски. Пред десет дена, на прес конференција Христијан Мицкоски за Александар Верушевски кажа дека е голем патриот. Дали тоа може нешто да значи?


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *