Новите услови за користење Инстаграм кренаа голема прашина на социјалните мрежи …

Инстаграм пред неколку дена ги ажурираше условите за користење на своите услуги, што предизвика голем број реакции на социјалните мрежи.

Според бројни корисници, апликацијата треба да може да ги снима реакциите на корисникот преку камерата на телефонот, кога тој ја прегледува содржината на таа социјална мрежа.

Новата политика за сајбер безбедност на апликацијата Инстаграм му овозможува на Марк Цукерберг да шпионира вас и вашето семејство, да ги украде најинтимните тајни и да ја следи вашата послушност кон властите, преку сите ваши уреди, вклучително и вашиот телевизор! Тие ги продаваат вашите податоци на властите и индустријата или ве казнуваат за непослушност. Тоа е застрашувачки сон! Истакна Мадона.