Мадона (63) дефинитивно треба да ја добие титулата кралица на скандалите, бидејќи таа тоа го прави и во тоа ужива повеќе од музиката. Таа како да добила листа од најшокантните работи што може да ги направи една јавна личност во кариерата, па слепо ја следи таа листа.

Покрај момчето од триесетина години, нејзината голотија и пластичните операции, таа сега на социјалната мрежа Инстаграм објави и серија фотографии кои потсетуваат на порнографска содржина. Покрај тоа што на нив ги истакна голите гради, пејачката позираше и во многу провокативни пози.

https://www.instagram.com/p/CWq_ERUI3SV/?utm_source=ig_web_copy_link

Не помина многу време, а нејзините следбеници оставија коментари од кои јасно се гледа колку се згрозени поради однесувањето на поп дивата.

Ова сега станува малку срамно. Вашите деца мора да се многу „горди“ на вас. Престанете да покажувате порнографија, видовме многу до сега… стоеше во еден од коментарите оставени под фотографијата.

Не поминува недела, а Мадона да не направи скандал за кој со денови се пишува во медиумите. Така минатата недела излезе серија фотографии за магазинот V, на кои Мадона позира како Мерлин Монро, алудирајќи на нејзината смрт.