Претседателот на Венецуела Николас Мадуро објави дека наводен американски шпион со оружје е уапсен во рафинерија за нафта во државата Фалкон.

Вчера фативме американски шпион во државата Фалкон, кој ги шпионираше рафинерите за нафта Амуаи и Кардон, рече претседателот за време на состанокот со младинското крило на Социјалистичката партија на Венецуела.

Мадуро рече дека приведениот Американец е „маринец кој работел во базите на ЦИА во Ирак“.

Тој беше приведен со тешко специјализирано оружје и многу долари во готовина, како и со други работи што ги предадовме директно на обвинителството. Тој во моментов сведочи и дава исказ во Обвинителството, додаде Мадуро.

Според него, пред два дена министерот за нафта, Тарек Ел Аисами, заедно со група инженери спречија можна експлозија во рафинеријата за нафта Ел Палито.

Рафинеријата Кардон, со капацитет од 305.000 барели дневно, е дел од рафинеријата во Парагуана, која е најголема во земјата и втора по големина во светот. Таа располага со капацитет за преработка од скоро еден милион барели дневно, што е приближно околу 72 отсто од капацитетот за обработка на државната корпорација ПДВСА во Венецуела.