Денес е уапсен Владо Јапонец – поранешен член на ЗЕМУНСКИОТ КЛАН .

Тој беше уапсен врз основа на меѓународна потерница за издржување на две затворски казни од четири години.

Според медиумите, Владо се обидел да избега за време на апсењето, но брзо бил совладан и уапсен.

Тој бил поранешен член на „Земунскиот клан“ и им е добро познат на полицијата од порано. Тој беше уапсен во минатото за повеќе кривични дела, вклучувајќи изнуда, закани, киднапирање и предизвикување општа опасност.

Исто така, денес беа уапсени двајца дилери на дрога со 65 килограми дрога, а кај нив беа пронајдени силиконски маски, па се сомнева дека подготвувале посериозно кривично дело.