Повеќе илјади луѓе се собраа на плоштадот на независноста во Киев, како би учествувале во протестите против неодамна воведените мерки против коронавирусот во Украина.

Четириесет полицајци се повредени во вторникот во центарот на Киев во судир со противниците на епидемиолошките мерки, соопшти украинската полиција, пренесува Франс Прес.

Илјадници луѓе, вклучувајќи голем број мали бизнисмени и сопственици на продавници, се собраа на Плоштадот на независноста во Киев, попознат како Мајдан, за да учествуваат во протестот против неодамна воведените мерки.

Украинските власти минатата недела објавија дека ќе ги затворат училишта, универзитети, продавници за храна, ресторани, кина и спортски сали од 8 до 24 јануари за да се запре епидемијата на коронавирус.

Демонстрантите носеа бели знамиња и транспаренти на кои пишуваше „Опаметите се, убијте не нас!“ Тие се обидоа да постават шатори на плоштадот, но полицијата ги спречи во тоа. Локалните весници објавија за употреба на солзавец.

Засега нема извештаи за загинати

Полицијата извести дека 40 полицијаци се здобиле со опекотини на очите од солзавецот што го фрлале демонстрантите. Еден од редарите на протестот е повреден во главата.

Тројца полицајци беа примени во болница со повреди на лицето и модринки, се наведува во полициското соопштение.

Украина, поранешна советска република со лош здравствен систем и население од околу 40 милиони жители, пријави повеќе од 909.000 случаи на коронавирус, од кои 15.480 беа фатални и со смртни последици.