На двегодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа во Грција се подигна споменик против овој договор.

Во ова село на 17 јуни 2018 грчките граѓани се спротивставија на потпишувањето на Договорот од Преспа, пишува на мермерниот споменикот подигнат во грчкото село Писодери.

Селото се наоѓа во северниот дел на земјата, онаму каде што пред две години имаше инциденти, додека во Псарадес тогашните премиери на  Македонија и Грција го ставија нивниот потпис на решението меѓу двете земји.

На споменикот, потпишани се извесни „Македонци од Драма“, кои пишуваат дека „го кинат Договорот од Преспа“.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *