Сподели

Со денешната пресуда на Судот за човекови права во Стразбур, Македонците од Бугарија издвојуваа голема победа против бугарската држава во спорот кој пред Судот во Стразбур се води од 2013 година.

Пресудата доаѓа само десетина дена пред најавеното вето на Бугарија против Македонија во процесот на отпочнување преговори на Македонија за членство во ЕУ.

За што станува збор?

„Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “, здружение со седиште во Благоевград, Бугарија и претседателот на нејзиниот одбор г-дин Ангел Кирилов Радонов, а Државјанин на Бугарија („апликантите“), на 10 октомври 2013 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку Адвокат Менкиноски Тони поднесе апликација против Бугарија за повреда на правото на здружување, бидејќи Бугарија одби да го регистрира здружението од причина што според неговата дејност треба да ги негува и афирмира македонските етнички обележја и традиции различни од бугарските.

„Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “,е здружение кое во својот статут ги афирмира правата на Македонците како посебна етничка група во Р. Бугарија
Европскиот суд за човекови права во Стразбур денес ја осуди Бугарија, носејќи пресуда со која утврди дека е повредено правото на здружување по член 11 од Европскат конвенција за човекови права на Македонците во Бугарија .
Сега, Бугарија е задолжена согласно оваа пресуда да го регистрира „Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “ и да им исплати оштета од 7.500,00 евра во рок од 3 месеци .

Со оваа голема победа во Стразбур, Македонците од Бугарија многу и помагаат на Македонија да се справи со политичките условувања од официјална Софија. Со оваа пресуда, сега во Бугарија ке има здружение на Македонци во услови кога официјална Софија сака да биде укинато постоењето на македонски јазик.


Сподели