Телото на 44 годишната Елејн Пандиловски било пронајдено во нејзиниот двор во куќата во Мелбурн, а нејзиниот сопруг Зоран Пандиловски е осомничен за убиството. Таа била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Мил Парк на околу 9.30 часот во вторникот од страна на полицијата која вршела истрага. 

Нејзиниот сопруг, 45-годишниот Зоран Пандиловски е уапсен, а поради претходна вмешаност во сообраќајна несреќа, бил хоспитализиран, но со полициско обезбедување, кое е пред неговата болничка соба. 

Елејн Пандиловски работела како помошник-наставник во Основното училиште „Plenty Parklands“ во Мил Парк. Алармот се кренал кога таа не се појавила на работа во вторникот. 

Членовите на семејството отишле во нејзината куќа да ја бараат, но не можеле да ја најдат. Синот во тоа време бил кај неговата баба.

Еден член на семејството, кој не сака да биде именуван, изјавил дека роднините кои отишле во куќата го виделе нејзиниот автомобил во гаражата и сфатиле дека не била на работа. Тогаш била повикана полиција. Тие го пребарале имотот и го пронашле телото на г-ѓа Пандиловски во задниот двор на куќата.

Роднината изјави дека нејзиниот сопруг, Зоран бил вмешан во сообраќајна несреќа во вторникот наутро и бил однесен во болница. 

-Се верува дека судирот може да биде поврзан со убиството на Елејн, рече портпаролката на полицијата во Мелбурн.


Напишете коментар