Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Јакимовски, беше еден од најзаслужните за четвртиот по ред триумф на Вашингтон стејт универзитетот во пресметката со Ајдахо (61-58), во која тој оствари личен рекорд.

Гостите водеа и со 11 поени разлика во првото полувреме, но тимот од главниот град на САД со серија од 19-0 направи пресврт и дојде до триумфот. Во овој клучен период учествуваше и нашиот Јакимовски и тоа со една тројка и еден влез, со што ги размрда своите соиграчи. Нашиот кошаркар на теренот помина 24 минути и постигна личен рекорд од 11 поени со три тројки од четири обиди и 1/2 за два, заедно со четири скока и една асистенција.