Србија ги зголеми своите резерви на злато за повеќе од 10 тони за последните 12 месеци и во моментов има 32 тони злато.

После Србија, Македонија има најмногу злато во регионот, скоро седум тони, Словенија и Босна и Херцеговина имаат околу три тони злато, Црна Гора има еден тон злато кое го има заложено за заеми, а Хрватска наводно нема злато бидејќи го продала целото злато.

Американците имаат најмногу злато во светот, околу 8.407 тони, Германците имаат нешто повеќе од 3.400 тони, по што следат Италијанците, Французите, Русите и Кинезите.

Според српските медиуми, со распаѓањето на СФРЈ, во трезорот биле оставени 45 тони злато, кои се распределиле меѓу републиките од поранешна Југославија.

Пет тони беа испратени на обработка во 2001 година, па потоа биле продадени, а денес никој не знае што се случило со тие пари до денес и со титовото злато.

Гувернерот на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, рече дека Србија свесно купувала злато.

Ние купивме злато многу свесно, бидејќи она што го имате во хартии од вредност и во странска валута, не носеше само позитивна камата, туку тоа не чинеше пари. Живееме во време кога парите се трошат, а не се заработуваат, рече таа.