Хотелот Македонија Палас во Солун почнува со работа на 1 јули. За нас е тој хотел ” многу интересен” бидејќи пред две години поранешниот премиер Заев и поранешниот градоначалник на Солун, Бутарис „славеа“ заедно Нова Година. Исто така во тој хотел е одржана можеби клучната средба на тогашниот грчки министер Никос Коцијас и Никола Димитров. Во тој хотел, познатиот Емануел Малелис Маноли, кој почина од корона вирусот пред повеќе од еден месец, ги имаше сите важни средби со македонски бизнисмени и политичари на кои се договараа бизнис зделки и стратегија за промена на името. Сите тие средби биле снимани од грчкото воено разузнавање.

Сопственик на хотелот е Иван Савидис, кој е роден во Ростов на Дон од каде потекнува и Сергеј Самсоненко. Савидис во време на власта на Алексис Ципрас беше клучен играч во Северна Грција, со бизниси во Солун и во градот Ксанти во близината на грчко-турската граница каде има голема фабрика за цигари.

Редовни гости во тој хотел се преставници на македонското разузнавање по осамостојувањето. Во тој хотел е договарано апсењето на еден поранешен министер за внатрешни работи, а исто така во првата половина на 2000-тите во тој хотел е организирана средба ( каде се присутни еден брокер, кардиохирург и музички уметник ) на која е договарана промена на власта во Македонија која требаше да резултира со влошување на македонските преговарачки позиции во разговорите за разликата околу името.

Па ако сакате можете да појдете на кефе во Македонија Палас, сигурно ќе бидете во интересно друштво на околните маси.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *