Извор: СпортскаМрежа.МК

Ракометната репрезентација на Македонија денес го игра последниот натпревар на Светското првенство во Египет, против Белорусија, можност за поправање на лошиот впечаток по убедливите порази од Египет, Шведска, Словенија и Русија.

Македонија првата фаза од Мундијалот ја помина со победата над Чиле од 32:29, а претходно загуби од Египет со убедливи 38:19 и од Шведска со 32:20. Во втората фаза разочарувањата продолжија, откако загубивме убедливо од Словенија со 21:31 и од Русија со 20:32.

Македонија досега се има соочено само еднаш со Белорија и има запишано минимален пораз од 29:30, на Европското првенство во 2016 година.

Натпреварот кој ќе биде последен за Македонија и Белорија на СП се игра со почеток од 15:30 часот и ќе може да се следи во живо на МРТ-1 и МРТ-3.