Извор: СпортскаМрежа.МК

Ракометната репрезентација на Македонија денес ќе го игра вториот натпревар од главната фаза на Светското првенство во Египет против селекцијата на Русија. Популарната „зборнаја“ на денешниот натпревар ќе важи за фаворит против Македонија.

Во меѓусебните дуели двете репрезентации се соочиле четири пати, а епилогот од нив бил две ремија и по една победа и за двете репрезентации.

Натпреварот меѓу Македонија и Русија ќе го судат сестрите од Франција, Шарлот и Жули Бонавентура, кои веќе претходно ни судеа на ова СП кога Македонија играше против домаќинот Египет.

Натпреварот ќе се игра во воведниот термин од 15:30 часот и ќе може да се следи на МРТ-1 и МРТ-3.