Извор: СпортскаМрежа.мк

Македонија ја запиша првата победа на Светското првенство во Египет, откако го доби директниот дуел со Чиле со резултат 32:29. Со оваа победа македонската репрезентација ќе игра во следната фаза, каде ќе бидат дел од групата Х, а противници ќе ни бидат репрезентациите на Словенија, Русија и Белорусија.

Натпреварот започна со одличниот старт на нашиот голман Никола Митревски со три интервенци, а Македонија во нападот преку Лазаров не успеа да постигне гол. Први до водство дојдоа ракометарите на Чиле, а Македонија веднаш врати преку Мишевски за 1:1. До 5. минута од натпреварот Чиле имаше водство од 1:2 со гол на Фојхтман.

Во 7. минута Стоилов беше исклучен, а Македонија преку Кузмановски намали на 2:3, а третиот пивотмен на Чиле, Фрелиј беше исклучен. Чиле покажа одлична игра на почетокот, Митревски имаше четири интервенции, но Чиле имаше водство од 2:4. Костески го постигна петтиот гол на Мундијалот и намали на 3:4, а на спротивната страна Митревски запиша нова петта интервенција. До 10. минута резултатот беше 4:4 со двата гола на Костески.

Во 12. минута беше досуден втор седмерец за Чиле, но истиот не беше успешно реализиран со што резултатот остана на 4:5, но во следниот напад Македонија не погоди, па противникот тоа го казни со брз гол за +2 при 4:6. Македонија преку младиот Костески намали на 4:5.

Костески го игра можеби најдобриот репрезентативец меч, младиот ракометар на Еурофарм Пелистер погоди за 7:7. Чиле повторно го врати водството на 7:8, но капитенот Лазаров погоди за 8:8. До 20. минута од натпреварот се играше гол за гол, а најголемата предност на противникот беше два гола.

Македонија дури во 21. минута имаше напад за прво водство, а погодокот за водство од 10:9 го постигна капитенот Лазров со гол од пенал. По само две минути противникот од Јужна Америка го врати водството од 11:12. Со третиот гол на Лазаров, нашата репрезентација израмни на 12:12, а одличниот Костески погоди за 13:12 и ново водство. Нашите водства беа кратки, бидејќи многу брзо Чиле израмнуваше или го враќање водството. До 25. минута Чиле го презеде водстово со 13:14.

После водството на Македонија од еден гол, нашата репрезентација влезе во негатива од два гола, Фојхтман постигна нов гол за 13:15, а Брестовац повика тајм-аут. Димитриоски постигна прв гол на натпреварот за 15:16 пред крајот на првото полувреме. Фојхтман постигна нов гол за 15:17, Македонија во последниот напад преку Пешевски намали на 16:17.

Митревски одигра фантастично прво полувреме, запиша осум интервенции, а исто така и Ненад Костески одигра фантастично прво полувреме постигнувајќи пет погодоци. Нашата одбрана повторно беше слаба и прими дури 17 гола од Чиле кој константно одржуваше два гола предност.

На стартот од второто полувреме беше досуден пенал за Македонија, а Лазаров беше прецизен за 17:17. Македонија на почетокот започна да игра добро во одбраната, а тоа резултираше со трето водство од 18:17 со гол постигнат од Пешевски. Во следниот напад на Чиле, Митревски ја запиша деветтата интервенција, а ние не реализиравме напад за +2. До 35. минута нашата репрезентација имаше 19:18. Поповски го постигнат првиот гол на натпревар за 20:19, а Чиле постојатно се враќаше, односно го израмнуваше резултатот.

Во последните дваесет минути од натпреварот Пешевски се разигра и постигна нов гол, со што Македонија повторно го врати водството од 22:21, но неможе никако да дојде до плус два, бидејќи Фрелиј израмни на 22:22.

Маркоски постигна гол за 23:22, а Никола Митревски запиша нова интервенција и Македонија организираше напад за +2, но истиот не беше искористен и резултатот остана ист. Петти напад нашата репрезентација не искористи за водстов од +2, а среќата беше на наша страна затоа што Чиле не реализираше два напади за израмнување.

Кузмановски го постигна третиот гол на натпревар за 24:22, но со брз гол Чиле врати на 24:23. Лазаров од тешка позиција постигна шестти гол за 25:23, а веднаш потоа имавме и напад за +3, но Димитриоски не реализираше и резултатот остана ист. Чиле почна да прави грешки во нападот, не постигнуваше голови, а следуваше тајм-аут за репрезентацијата од Јужна Америка.

Томовски ја запиша првата интервеција, втор промашен седмерец Чиле, а Македонија конечно преку Пешевски погоди за +3 при 26:23. Македонија до 49. минута од натпреварот имаше водство од 27:23 и највисоки +4 на натпреварот. Нашата репрезентација во второто полувреме играше подобро и тоа вроди со плод. Паниката и грешките кај Чиле се зголемуваа, а тоа нам ни одговараше бидејќи ја диктиравме играта и до 50. минута имавме 27:25. Чиле организираше брз центар и на тој начин ја враќаше негативата.

Кузмановски постигна гол за 28:25, а на спротивната страна Митревски забележа нова интервенција, но следниот напад не го искористивме за +4. Чиле се обиде до постигна брз гол, но Митревски ја запиша тринаесеттата одбрана, петта во второто полувреме. Следуваше тајм-аут за Брестовац.

Салинас постигна гол со што Чиле намали на 28:26 и негатива од два гола. Македонија преку Лазаров кој постигна гол од пенал дојде од 29:26 и повторно плус три на шест минути до крајот. Димитриоски постигна гол за Македонија кога имаше играч помалку за 30:27, а Митревски запиша нова интервенција.

Нашата репрезентација на четири минути до крајот доби пенал, а Лазаров не успеа да реализира. На три минути до крајот Чиле доби пенал, а Томовски запиша нова интервенција, откако му одбрани пенал на Себалос.

После тајм-аутот на Македонија, Стоилов постигна нов гол за 31:27 на две минути до крајот од натпреварот. На минута до крајот резултатот беше 31:28, а Маркоски доби исклучување. Капитенот Лазаров постигна нов гол за 32:28, а на спротивната страна Чиле постигна брз гол за конечни 32:29.

Најдобар во нашите редови беше капитенот Кирил Лазаров кој постигна осум погодоци, а Пешевски и Костески постигнаа по пет, додека кај Чиле најдобар беше Родриго Салинас со осум погодоци, а Себалос постигна еден помалку.