По најавите од Италија дека Наполи, односно газдата на клубот од Неапол Аурeлио де Лаурентис, имал намера да стави забрана за доаѓањето на Елиф Елмас на собирот во Скопје во пресрет на историскиот дуел со Грузија, се чини дека можно е допрва да се разгорува ситуацијата. Ако биде така, ако навистина Наполи е подготвен за таква глупост, тогаш јасно е дека Македонија ќе влезе во можна “ВОЈНА“ со наполитанците.

Јасно е дека Дијамантот и е повеќе од потребен на Македонија и на селекторот Игор Ангеловски за мечот во Тбилиси. Јасно е дека Елиф е еден од напшите најдобри фудбалери, но исто е јасно дека Наполи нема по кој основ да се “фати“ за да го преслика потегот на Вердер.

И на крај јасно е дека УЕФА ќе биде апсолутно на наша страна, посебно ако се знае дека мечот со Грузија не е од оние “неважни“ во Лигата на Нации, туку големо финале за пласман на ЕВРО 2020.

Инаку во Наполи сега нема позитивни, Неапол како град се уште нема донесено забрана за своите граѓани, како што тоа го стори Бремен, за излегување од градот,или пак кога ќе се враќаат да треба да минуваат строг карантин од две до три недели. И Наполи играше со Ријека, значи можело да се патува.

Јасно е дека во Италија беснее Ковид-19, но уште појасно е дека Македонија во Тбилиси игра историски меч, еден во последните децении.

И на крај напшата Федерација, нашата репрезентација, секако и државните власти сега не можат да преземат ништо се додека од Наполи официјално не се произнесат дека нема да го пуштат Елмас во Скопје. Дури потоа, ако се разбира Наполи направи таква глупост, ќе мораме да преземеме сите заедно нешто слично како што беше со Пандев пред мечот со Косово.

Во секој случај се чека потегот на Аурелио де Лаурентис.

sportmedia.mk