Понанешната европратеничка, голем лобист за Македонија, и борец против промена на името на Република Македонија, Маријана Петир се договори со владејачката хрватска партија ХДЗ да биде дел од нивната коалиција на парламентарните избори што се закажани на 5 јули.

Маријана Петир, во два мандати беше пратеник во хрватскиот Парламент, а минатата година за малку не успеа да освои втор мандат на изборите за Европскиот Парламент. На европските избори Петир освои околу 48 илјади гласови и само малку гласови и фалеа по втор пат да стане европратеник.

Петир потврди дека се договорила со лидерот на ХДЗ и се уште актуелен хрватски премиер, Андреја Пленковиќ да биде дел од листата на ХДЗ во 6-та изборна едници, но во исто време да може да делува како независен кандидат во следниот хрватски Парламент.

Минатата година Петир не ја прифати понудата на Пленковиќ да биде поддржана од ХДЗ на изборите за Европскиот Парламент, но оваа година Петир и Пленковиќ најдоа заеднички јазик.

По завршувањето на мандатот за европратеник, Петир ги интезивираше контактите со Фидес партијата на Виктор Орбан и на социјалните мрежи можеа да се видат фотографии од нејзините чести патувања во Будимпешта. Многумина сметаа дека Петир со поддршка на Орбан ќе формира своја партија, но на крај таа со договори и стана дел од коалицијата на ХДЗ како независен кандидат.

Во продолжение линк од интервјуто на Маријана Петир за емисијата Во Центар:


Напишете коментар