Поранешната евро пратеничка и голем македонски лобист во стариот состав на Европскиот Парламент, Маријана Петир во својот имотен лист пријавила штедни влогови во вредност од околу 700 илјади евра.

Злобниците би рекле: не било толку неисплатливо да се лобира за Македонија!?

Сега независната пратеничка во Хрватскиот Парламент, Маријана Петир, изјави дека го пријавила својот имот во имотната картичка транспарентно и согласно законот.

Се надевам дека и другите го сторија истото. Отсекогаш сум постапувала одговорно и умерено во сè, вклучително и кога станува збор за заштедата и штедењето, вели таа.

Имено, Маријана Петир, која влезе во Собранието на листата на ХДЗ, според имотната картичката што минатата недела ја предаде во Комисијата за одлучување за судир на интереси, успеала да заштеди 811.975 куни и 590.000 евра. Таа успеала да заштеди, како што рече, од сопствената работа, повеќе од пет милиони куни или околу 700 илјади евра.

Таа истакна дека не станува збор само за резултатите од приходите во текот на пет годинишниот мандат во Европскиот парламент.

Работам 20 години. Живеам според моите можности. Никогаш не сум позајмувала, никогаш немав кредит. Живеам во куќата на моите родители, рече Петир. Немам недвижен имот како многу мои колеги политичари, имам само заштеди во банка кои ги пријавив во мојот имотен лист, вели таа.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *