Писателот Ефтим Клетников од Македонскиот манифест вели дека кодификацијата на македонскиот јазик не е направена ниту од Блаже Конески, иако е Конески гениј кој се раѓа еднаш на сто години, ниту пак кодификацијата е направена од Крсте Мисирков. Според него кодификацијата на македонскиот јазик ја имаат направено светите браќа Кирил и Методиј.

Според Клетников македонскиот јазик е еден од петте најстари јазици во светот а тоа е потврдено и со енциклопедијата Британика од 1932 година. Затоа вели тој само како тешка навреда е тежок комплекс може да се толкува тврдењето и барањето на Бугарите да прифатиме дека македонскиот јазик е западен дијалект на бугарскиот.

Бугарите до 12 век на дворовите на нивните владетели зборувале на јазик кој е сличен на турскиот, вели Клетников и сега тие ќе не убедуваат дека македонскиот јазик е бугарски дијалект. Тоа се глупости вели тој.

Писменоста и христијанството вели Клетников во словенските земји потекнуваат од Македонија. Христријанството од Охрид и Охридската Архиепископија а писменоста од светите браќа Кирил и Методиј. По таа основа и големиот руски народ има македонски корени.

Сега некој сака да ја смени историјата, а тоа го прават земјите кои беа на фашистичка страна во текот на Втората светска војна. Македонскиот народ тоа ќе знае да го пропознае вели тој.

Целата емисија погледнете ја на следниот линк: