На 7-ми јануари 1945 година, првиот ден Божик, по список составен од Лазар Колишевски во Македонија се убиени без суд и пресуда 1200 Македонци!


На 26 декември 1944 година, неколку денови пред Божик, во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери, сите Македонци. Тие не биле согласни со дојдената заповед од Белград да заминат на фронт во заштита на Србија.
Македонските војници одлучно истакнале дека војската треба да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија и овој град повторно да стане престолнина на македонската држава.

Пратениците на Тито, Светозар Вукомановиќ – Темпо, Лазар Колишевски и генералот Михајло Апостолски одлучуваат дека тоа било моментот за пресметка со приврзаниците на според нив “бугарскиот окупатор”. Тие ги собираат околу себе српските офицери и им кажуваат дека побунениците се некакви “бугараши”, “Ванчомихајловисти”, “ВМРО-вци” и “фашисти”.
Генералот Апостолски ги примамува побунетите офицери во Офицерскиот клуб во Скопје “за да разговараат за ова прашање”. Таму веднаш ги разоружуваат, апсат и ги затвораат овие храбри македонски синови во занданите на старата турска тврдина “Кале”. По кратко испрашување, водено лично од Темпо само за неколку часа се стрелани над 70 офицери.


Пред испрашувањето, Темпо на секого од нив му велел: “Хочеш Солун, ево ти га…” и ги застрелувале!


Војниците кои веќе се прибрале во касарните почувствувале дека со нивните офицери нешто се случува и околу илјада од нив повторно се насочуваат кон центарот на Скопје. Таму се пресретнати од добро забарикадирани српски партизани, кои започнуваат кон нив безмилосна автоматска стрелба. Убиените на плоштадот се околу 100, а над 900 се уапсени и затворени на скопското Кале. Таму се чуваат повеќе од еден месец без леб, вода и ќебиња и речиси сите умираат од глад и студ.


Веднаш по 7-ми јануари 1945 година започнало масовно истребување на градоначалници, свештеници, учители, обични селани низ цела Македонија. Овие самосвесни Македонци биле нарекувани “бугараши” и “помагачи на бугарскиот фашистички окупатор”, па најголемиот дел од нив без суд добивале смртна пресуда. За оваа цел се употребувал т.н. закон “За заштита на македонската чест”.