Македонската фудбалска експедиција со чартер лет се враќа дома, но пристигна една неповолна вест која ги менува плановите.

Имено од ФФМ пристигна вест дека авионот наместо на скопскиот аеродром, најверојатно ќе слета на аеродромот во Приштина.

Причините за ова се неповолните временски услови во нашиот главен град, поточно маглата.

Сепак како што се наведува во текот на летот ќе има сигурна потврда за тоа каде ќе слета нашата експедиција.