Илјадници протестираат пред бугарскиот парламент, барајќи оставки од бугарскиот премиер Бојко Борисов и главниот обвинител на земјата, Иван Гешев.

Демонстрантите фрлаат јајца и јаболка кон полицајците кои го штитат бугарскиот парламент. И жандармеријата беше изнесена на улица.

Полицијата е на сите булевари што водат кон зградата на бугарскиот парламент, каде се одржува седницата. Бугарските медиуми пишуваат дека ескалацијата започнала кога демонстрантите употребиле сила против полициските возила.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *