Тој на Фејсбук додаде дека побарал од владата да даде предлози за враќање на јавната доверба во полицијата и борба против сите форми на дискриминација, пренесува Ројтерс.

Француските медиуми претходно објавија дека Макрон бил „многу шокиран“ од видеото на кое се гледа како тројца полицајци го тепаат музичкиот продуцент, афроамериканецот Мишел Зеклер, во Париз.

Тројцата полицајци идентификувани на видеото се суспендирани и се под истрага.

На снимката, собрана од АП од безбедносните камери во музичкото студио на Заклер и оние направени од соседите, се гледа како тројца полицајци го следат Заклер до студиото, каде постојано го тепаат со пендрек.

Инцидентот се случи во време кога француската влада се обидуваше да донесе закон со кој се забрануваат снимки на полицијата, што предизвика протести од либералните граѓански групи и новинарите, кои проценија дека законот ќе овозможи полициската бруталност да остане незабележан и неказнет.