Во тоа време Алексиќ бил најнаградуван режисер кој со пет подвижни камери ја снимал свадбата на векот…

Актерката Милена Радуловиќ го пријави професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ во полиција за силување и сексуално вознемирување, што не се случило само еднаш, туку неколку пати. Оваа вест ја привлече јавноста, а она што малкумина го знаат е дека Мика Алексиќ ја снимаше „венчавката на векот“ – Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жеjко Ражнатовиќ Аркан.

Цеца и Аркан се сретнаа на 11 октомври 1993 година, на одбележувањето на Денот на српската доброволна гарда во Ердут. Цеца му го привлече вниманието на командантот, која го маѓепса со својата харизма и убавина.

Ceca i Arkan - Svadba 19.02.1995. - YouTube

За нивната љубов се зборуваше нашироко, а Цеца и Аркан решија да ја крунисаат својата љубов на 19 февруари 1995 година, кога пред многу пријатели и колеги кажаа судбоносно „да“.

Она што е помалку познато во јавноста е дека снимањето на венчавката го организираше режисерот Мирослав Алексиќ, пишува српски Курир.

PRVI SU OTIŠLI SA SVOJE SVADBE: 25 godina od venčanja Cece i Arkana, a o  ovome se još priča - torta od 70 KG, zlatni dukat i POLA MILIONA maraka

Алексиќ го снимаше целиот тек на венчавката со пет подвижни камери, а младенците вкупно имаа околу 30 часа снимен материјал, од кој подоцна беше направена 90 – минутна касета.