Екипата на Манчестер Јунајтед имаат нов тенер, но само привремено.

Иако за таа позиција деновиве се најавија неколку имиња, помеѓу кои и Маурино Покетино, Зинедин Зидан и Ернесто Валверде, според информациите кој што беа објавени од американскиот спортски магазин Атлетик, на местото на Оле Гунар Солскјер, кој неодамна ја прекина соработката со клубот од Олд Трафорд, неговата позиција ќе ја превземе германецот, Ралф Рангник.

63-годишникот, кој важи за „кум“ на модерната германска тренерска школа за фудбал, наводно ја напушта сегашната работна позиција како директор за спорт и развој во московски Локомотив за да го преземе кормилото на екипата од Театарот на соништата.

Рангник договорил шестмесечен договор со Јунајтед, но и под итно да се направи се помеѓу раководствата на клубовите на Манчестер Јунајтед и Локомотив Москва, тој викендов нема да може да го води тимот на натпреварот против Челзи поради немање на работна дозвола.

Ралф Рангник своевремено беше на кормилото на Хановер, Шалке, Хофенхајм и Лајпциг, а воедно е и првиот во историјата на фудбалскиот клуб Улм кој успеа да го донесе тој клуб во престижната Бундес лига.

Како спортски директор успешно ја изгради екипата на Лајпциг со кои од четвртата лига стигна до самиот врв во Бундес лигата.