Во рамките на петтото коло од групата А во најелитното фудбалско натпреварување на стариот континент, Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер Сити на домашен терен го совладаа ПСЖ со резлутат од 2:1.

Граѓаните со оваа победа го обезбедија првото место во групата А. Со вечерашниот триумф тие им се реваншираа на Парижаните кои во второто коло ги совладаа со резултат 2:0. Во истата група во рамки на вчерашните натпревари, тимот од Белгија, Клуб Бриж загуби убедливо од Германскиот, Лајпциг со резлутат од 0:5.

Моменталната состојба во групата А изгледа вака, Манчестер Сити е на првата позиција со 12 бода, ПСЖ осум, Лајпциг четири и Клуб Бриж четири бода.

Во групата Б на синоќешните натпревари, Атлетико Мадрид загуби на домашен терен од од Милан со резлутат 0:1. Во истата група, Ливерпул на Енфилд успеа да го совлада Порто со резлутат 2:0.

Табелата во оваа група изгледа вака, Ливерпул е убедливо на првата позиција со 15 бода, Порто пет, Милан четири и Атлетико Мадрид исто така четири бода.

Спортинг ја совлада Борусија Дортмунд со резлутат од 3:1 во групата Ц во Лисабон и со тоа го исфрли германскиот тим од Лигата на шампионите. Претходно Бешикташ загуби од Ајакс со резлутат од 1:2.

Овде ситуацијата е слична како во групата Б, така што, Ајакс предничи со освоени 15 бода, Спортинг девет, Борусија Дортмунд шест, а додека Бешикташ е без бодови.

Во групата Д Шериф претрпе убедлив пораз од Реал Мадрид со 0:3 на домашен терен, со што со оваа победа кралскиот тим обезбеди премин понатаму. Од триумфот на Реал профитираше и Интер, кој исто така обезбеди осминафинале. Претходно таму Интер славеше против Шахтјор Доњецк со резултат од 2:0.

Во групата Д моменталната состојба изгледа вака, Реал Мадрид е прв со освоени 12 бода, Интер десет, Шериф шест и Шахтјор еден бод.