Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане има коронавирус, потврди доцна синоќа неговиот клуб Ливерпул. Мане согласно протоколите во Премиер лигата се наоаѓал во самоизолација.

Ливерпул објави дека Мне имал лесни симптоми и се чувствувал добро.

„Како и во случајот со Тијаго Алкантара, Ливерпул продолжи да се придржува до сите протоколи поврзани со Ковид-19. Мане одреден период ќе биде во карантин“, соопшти Ливерпул.