Долгогодишниот пријател и менаџер на Диего Марадона рече дека легендата на фудбалот „беше уморен од животот“ и дека „дозволил да умре“ додека неговото семејство се расправало.

Во интервју за една радиостаница од Неапол, Стефано Чечи изнесе тажна слика за фудбалската икона, за кого вели дека бил осамен и без вистински пријатели скоро целиот свој живот.

Отворена е истрага за смртта на Марадона, а луѓето сега едни со други се обвинуваат за тоа и размислуваат што можеше да се стори за да се спречи тоа. Тоа е концепт што може да се примени на целиот негов живот. Диего беше секогаш сам, луѓето само мислеа за Марадона. Диего престана да биде Диего кога наполни 17 години, рече Чечи.

Фудбалската икона, националниот херој на Аргентина, почина во средата на 60-годишна возраст, по бурниот живот и многу здравствени проблеми со дрога и алкохол. Но сепак зад тоа стоеше нешто сосема друго.

Беше многу тешко да излезам на крај со него кога беше Диего, бидејќи Диего беше чувствителен, многу несигурен, скромен и добар. Со него имам 20 години убави спомени, изјави Чечи.

Тој официјално почина од компликации со срцето и белите дробови, но неговиот пријател верува тој дека сакал да умре.

Во последно време тој тотално се запушти, физички и психички. Мислам дека беше уморен и си дозволи да умре. Тој навистина не сакаше да живее. До пред две години, тој играше фудбал во Дубаи, веслаше еднаш неделно, беше физички активен. Семејниот хаос што го опкружуваше Диего никогаш не му даваше мир. Дури и сега кога е мртов, тие сè уште си ги кубат косите, рече Чечи и додаде:

Барем сега тој е со оние кои најмногу ги сакаше, неговиот татко и мајка. Сега е Диего во мир.

Марадона беше погребан во Буенос Аирес покрај неговите родители.