Фудбалската легенда Диего Марадона беше подложен на операција на главата поради хематом, поради кој беше хоспитализиран претходно неделава. 

За Аргентинецот постоеше општ страв дека поради годините, неговата ситуација може да се влоши, ама Марадона е успешно опериран и докторот кој го изврши зафатот потврди дека ситуацијата на поранешниот фудбалер е на завидно ниво. 

„Марадона може да разговара, добро е расположен, оди низ клиниката. Заздравувањето тече подеднакво добро како неговата ситуација, резултатите од последното снимање беа одлични и многу сме среќни за тоа. Диего сакаше веднаш да си замине дома, но докторскиот тим го наговори превентивно да остане“, изјави Леополд Луке.

Марадона, покрај тоа што е икона на Аргентина, се прослави и со Наполи, но ужива огромна поддршка во целиот свет, а со сигурност е меѓу најдобрите играчи кои било кога истрчале на терените.