Претседателот на француската партија Национален собир, Марин Ле Пен, посочи дека ЕУ не е способна да одговори на заканата што ја носи исламскиот тероризам.

По европскиот мини-самит организиран во борбата против исламистичкиот тероризам, Емануел Макрон сака „заеднички, координиран и брз одговор“ од ЕУ. ЕУ не е способна да одговори на заканата каква што преставува исламскиот тероризам, туку е слаба алка во оваа борба.

Со ненадминатата догма за слободно движење на луѓето, Европската унија останува непријателски настроена кон политиката на територијален суверенитет, државната контрола над нејзините граници, а со тоа и кон миграциските текови низ кои масовно се инфилтрираат терористите, рече Марин Ле Пен.

Инаку, терористичката група Ал Каеда во исламскиот Магреб (АКИМ) му се закани на претседателот на Франција, Емануел Макрон, поради коментарите за исламот и карикатурите на исламскиот пророк Мухамед објавени во сатиричното списание „Шарли Ебдо“.

Групата го опиша францускиот лидер како „млада, неискусна и болна личност која има малку мозок и инсистира на навреда на пророкот“.