Марјан Ѓорчев беше Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ. Во владата на Љубчо Георгиевски беше министер за земјоделство. Денес Љубчо Георгиевски вели дека со неговите идеи за безцарински зони и со проектите на Марјан Ѓорчев за субвенции во земјоделството, Никола Груевски владееше како премиер на Македонија цели десет години, иако, како министер за финансии тие проекти ги одбиваше.

Ѓорчев требаше да биде наследник на Георгиевски на чело на ВМРО ДПМНЕ. Тој имаше убедлива поддршка меѓу делегатите на Конгресот во Охрид во 2003 година. Во последен момент во изборот на нов лидер се замеша Љубчо Георгиевски и само на тој начин Ѓорчев не беше избран за лидер на партијата и негов наследник.

Сигурно е дека партијата немаше да оди во правец како што ја водеше Никола Груевски, вели Ѓорчев во вечерашното интервју во емисијата Во Центар кое се емитува на youtube каналот Vasko Eftov.

Ѓорчев беше градоначалник на општина Кисела Вода кога таму беа вработени Доста Димовска, сопругата на Љубчо-Снежана Георгиевски а шеф на кабинетот му беше Борис Трајковски.

Целото ексклузивно интервју со Марјан Ѓорчев ќе можете да го погледате на следниот линк: