Поддржувачитена Доналд Трамп започнаа да се собираат во Вашингтон на маршот што беше најавен како најголем митинг за поддршка на американскиот претседател во историјата.

Трамп исто така се појави на маршот и ги поздрави приврзаниците од претседателската лимузина.

Трамп им мавташе на насобраните кои извикуваа: Ју-Ес-Еј.

Маршот е наречен „Марш на милиони да ја направиме Америка повторно голема“, што беше слоганот на кампањата на Трамп, и беше организиран во знак на протест против, како што веруваат, изборните измами.

Неколку часа пред почетокот на митингот беа објавени видеа на кои се гледаат колони возила со американски знамиња и транспаренти „Да ја направиме Америка повторно голема“ како се движат кон главниот град.

Трамп во петокот навести на Твитер дека може да се појави на митингот во Вашингтон.

Можеби ќе застанам да се јавам – напиша Трамп, изјавувајќи дека е „му се грее душата од фактот дека има голема поддршка, особено на протестите што се шират низ целата земја, вклучително и оној во Вашингтон“.

Да потсетиме, врз основа на изборните проекции, американските медиуми го прогласија кандидатот на демократите за победник на изборите, одржани на 3 ноември.

Сепак, Трамп не ги признава проекциите според кои Џо Бајден е победник на претседателските избори и повеќепати го критикуваше гласањето по пошта, наведувајќи дека тоа го отвора патот до можна изборна измама.

Изборниот штаб на Доналд Трамп поднесе тужби против федералните држави и тврди дека гласањето и пребројувањето на гласовите било нерегуларно.