Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето на рестриктивните мерки, велат од Министерството.

Останува задолжително носењето заштитна опрема, честото миење и дезинфицирање на рацете, како и одржувањето на потребната физичка дистанца од 1,5 до 2 метра.

„Само преку почитување на овие мерки ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот“, се наведува во соопштението.

Од денеска се укинува полицискиот час на територијата на целата држава.

„Оваа одлука е донесена врз база на детаљна анализа за досегашниот тримесечен период по дијагностицирањето на првиот случај на коронавирус во земјата. Заклучокот е дека соодветно се почитуваат препораките и алгоритмите на Комисијата за заразни болести, при што преземените мерки дадоа одредени резултати. Еден од факторите за намалувањето на рестриктивните мерки е намалениот мобирдитет, морталитет, леталитет, кој ги следи европските и светските трендови“, велат од Министерството за здравство.

Во однос на регистрираните случаи на Ковид-19, од Министерствто велат дека тие се контролираат и се во постојана комуникација со медицинскиот тим.

Во овој момент, се додава во соопштението, 50 отсто од капацитетите се исполнети во болничките установи, има доволен број легла, заштитна опрема, како и респираторни машини.


Напишете коментар