Претседателот на Движењето за промени и вториот на листата на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Небојша Медојевиќ, ги обвини сопствениците на концернот Вијести, Миодраг Мишко Перовиќ и Жељко Ивановиќ, дека сакаат да влезат во новата експертска влада преку масонската лижа, пишува Побједа.

Во пораката објавена на социјалната мрежа Фејсбук, Медојевиќ се закани дека неговата партија нема да поддржи таква извршна власт.

Масоните сакаат да му ја земат победата на народот. Движењето за промени нема да биде дел од тоа. Мишко Перовиќ, Жељко Ивановиќ и останатата масонерија. Нивната шифра е – нема реваншизам и компромис, напиша Медојевиќ на Фејсбук.

Концернот Вијести не крие дека стои зад основањето на Граѓанското движење УРА, а на изборите ја обезбеди целата логистичка и медиумска поддршка на коалицијата „Црно на бело“, но и на претходните литии кои беа организирани од Српската православна црква. Еден од сопствениците на концернот Вијести, Миодраг Перовиќ, е член на Политичкиот совет на Граѓанското движење УРА.

Медојевиќ ги нарече сопствениците на концернот Вијести соросоиди и слуги на амбасадите.

Тоа е моја политика, но некои повикуваат на компромис и зделки со Мило. И тоа е неприфатливо за мене. Браќа прасони, ние ви нудиме да влезете во владата без избори. Одамна постоеше идеја за експертска влада на масони! Само тоа ќе без Движењето за промени, Напиша Медојевиќ.

Најголемиот интерес на народот е слободата и демократијата. И, тоа е неспоиво со делувањето на масонските ложи кои имаат тајни агенди. Движењето за промени никогаш нема да биде дел од таа приказна. Слобода или ништо, напиша Медојевиќ.