Силекс го победи Борец со 2:0 во подготовките за евро квалификациите кои следат во наредниот период, но сепак овој „пријателски“ натпревар се претвори во топ тема во македонската спортска јавност, и тоа поради непосакувана причина.

Играчите на Силекс и Борец очигледно подзаборавија што значи терминот пријателски натпревар, па наместо да се надмудруваат со фудбалските потези на теренот, се пресметаа со тупаници и турканици на теренот.

Доказ за тоа е видеото кое ни пристигна од Градскиот стадион во Кратово, а кое експресно стана најкоментирана тема во спортската јавност и меѓу фудбалските фанови.

По неколку беспоштедни стартови на теренот, настана голема тензија меѓу повеќе играчи, па фудаблскиот натпревар се претвори во масовна тепачка која секако е лоша слика и комплетен контраст за тоа што треба да претставува еден пријателски натпревар.


Напишете коментар