Масовната вакцинација против вирусот корона во Русија ќе започне за еден месец, откако ќе се произведат доволна количина вакцини, изјави директорот на Институтот Гамалеј, Александар Гинзбург.

Масовната вакцинација ќе биде малку пролонгирана, само затоа што основната количина произведени вакцини ќе се искористи за пострегистрациски истражувања. После тоа, другите производи ќе се користат за цивилни цели. Ќе се доцни две до три недели, рече Гинзбург.

Ќе биде спроведено истражувањето после регистрацијата за вакцината против коронавирус и тоа ќе започне за седум до десет дена. Неколку десетици илјади луѓе ќе учествуваат во тоа истражување.

Министерството за здравство на Русија во вторникот ја регистрираше првата вакцина во светот, за спречување на новата коронавирусна инфекција ковид 19, која ја изработи научниот институт Гамалеј, заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции.

Во таа прилика, претседателот на Русија, Владимир Путин, зборуваше и истакна дека вакцината ги поминала сите потребни тестови, како и дека формирала стабилен имунитет.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *