Триесет и петгодишен жител на Тетово доби пријава за семејсно насилство откако во семејниот дом ја нападнал сопругата. Од СВР Тетово информираат дека тој е задржан во полициска станица и дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село вчера во СВР Тетово пријавила дека дваесетина минути пред тоа во нивниот семеен дом физички ја нападнал нејзиниот 35-годишен сопруг.