Министерството за внатрешни работи информираше дека на 22.08.2020 околу 20:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на ул.„Браќа Чакреви“ во Скопје бил пронајден починат 51-годишниот В.Ч.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, информира полицијата.


Напишете коментар