Традицијата е стара неколку децении

Првата дама на САД Меланија Трамп ја пречека официјалната новогодишна елка во Белата куќа.
Божиќната елка висока 5,5 метри е одгледана во Западна Вирџинија и пристигна со коњи.

Според традиција од 1966 година, Меланија Трамп излезе преку северниот влез на Белата куќа да ја прими елката. Волонтерите обично учествуваат во нејзиното украсување, но оваа година нивниот број е ограничен поради пандемијата на коронавирусот.