Меланија Трамп, првата дама на САД, одлучи да не оствари телефонски разговор со идната прва дама Џил Бајден.

Меланија со постапката покажа дека е со својот сопруг Доналд Трамп.

Меланија и Доналд Трамп не ја признаваат победатата на Бајден на изборите, а претседателот на САД засега нема намера да го прими Џо Бајден во Белата куќа.

Трамп тврди дека имало изборна кражба и најавува тужба до Врховниот суд.

Дејли Меил додава дека г-ѓата Бајден веќе има направено распоред за идните активности.

Џил е фокусирана на градење на нејзиниот тим и план за постигнување приоритети засновани на образованието, семејствата на војниците и ветераните, како и борба против ракот, рече Мајкл де ла Роса, портпарол на Џил Бајден.