Меланија Трамп објави на Твитер дека таа и Доналд Трамп се дома во карантин и се чувствуваат добро откако тестовите покажаа дека се позитивни за новиот коронавирус.

Како што веќе направија многу Американци оваа година, претседателот и јас сме дома во карантин откако тестовите покажаа дека сме позитивни на Ковид-19. Се чувствуваме добро и ги одложивме сите претстојни настани. Ве молиме, бидете безбедни и ќе го поминеме ова заедно “, напиша Меланија на Твитер.

Таа, исто така, повторно објави едукативно видео од април годинава во кое ги советува Американците како да се заштитат од вирусот преку одговорно однесување.

Инаку, американскиот потпретседател Мајк Пенс и неговата сопруга Карен исто така беа тестирани за коронавирус, а нивните тестови беа негативни.