Дрвена статуа на американската прва дама Меланија Трамп, во близина на нејзиниот роден град Севница во Словенија беше запалена, а потоа отстранета.

Американскиот уметник Бред Дауни, кој ја дизајнирал и нарачал скулптурата, изјавил дека е запалена на 4 јули, на американскиот празник на Денот на независноста.

Тој додаде дека организирал отстранување на статуата следниот ден, јави Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Статуа на големина на Меланија Трамп е подигната во јули минатата година.

Тоа го направи локалниот уметнички дрводелец, Алеш Зупевц, познат како Макси, по нарачка од Дауни.

Статуата, која ја отсликува првата дама во сино фустанче, слично на онаа што го носеше на инаугурацијата на Доналд Трамп и со рака во форма на дрвена табла подигната во височина, предизвика мешани реакции откако беше укината.

Мештаните, иако се горди на најпознатата статуа во градот, воопшто не беа задоволни од сличноста на статуата со Меланија Трамп, нарекувајќи ја „срам“ и споредувајќи ја со Штрумфета.


Напишете коментар