Необјасниво е со каква итрина и со каква способност ВМРО ДПМНЕ успеа да им го земе Белград на СДСМ. Тоа беше неверојатно, а во следната емисија ќе објаснам дали се работеше за бизнис или за нешто друго, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи во интервјуто за Утрински Брифинг.

Тачи го обвини кандидатот на ДУИ за Албанец премиер, Насер Зибери дека е радикал. Јас имам факти и документи дека тој не е таков како што вие Македонците мислите за него, рече Тачи. Насер Зибери е познат по нешто друго. Неговиот брат беше имплициран 1993 година во аферата Паравојска и тие паравоени формации. Махер Зибери. Ако го сакате Насер Зибери копајте малку по документите. Но чудно, Махер Зибери се спаси, а кривично одговараа од покојниот генерален секретар, Митат Емини и сите други. Значи Махер Зибери е фатен некаде. Овие докази ги имам од 1994 и 1995 година кога бев тешка опозиција но ги следев судските прицеси кој за таа голема афера се водеа во Македонија. Ова јавно го кажувам и Насер Зибери сигурно ќе замолчи бидејќи ќе можеме јавно да ги обновиме тие ситуации, изјави Тачи.

Второ, Насер Зибери не е за мирољубива политика, тој е поранешниот заменик премиер кога 1997 година тогашната влада направи терористичка акција кон една политичка партија како што беше ДПА. И во таа акција имаме убиени луѓе. Имаме над стотина ранети луѓе и градоначалници кои беа драконски казнети. И премиерот на тогашната влада, Бранко Црвенковски имаше потреба јавно да се извини за таа акција, тоа беше 2004 кога беше кандидат за Претседател, но Насер Зибери се уште се нема извинето за тоа, рече Тачи.


Напишете коментар