Лидерот на ДПА, Мендух Тачи смета дека по звршувањето на сегашната трета вонредна ситуација траба да има избори на 5-ти јули. Тој став Тачи го темали на фактот дека владата е нефункционална и дека државата полека се движи кон агонија кога сите еден со друг ќе се обвинуваме.

Тачи смета дека избори најмногу им требаат на Албанците бидејќи нив повеќе од 99 отсто во владата ги преставува една партија, а тоа е партијата ДУИ. Според Тачи преставниците на ДУИ воопшто не се заинтересирани да функционираат институционално.

Тачи не се согласува со ставот дека народот е виновен за последниот пик на корона вирусот. Според Тачи ова што сега се случува е резултат на калкулации за ефтини политички поени што партијата ДУИ ги правеше и направи во врска со празникот Бајрам.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *