Лидерот на ДПА Мендух Тачи во вчерашното интервју на ТВ 21 се закани дека ќе има војна ако во новата влада нема да бидат вклучени Албанците.

Тачи најави дека тој ќе се бори да биде вицепремиер во новата влада или прв човек на Албанците во Македонија.
Тачи често дава вакви радикални изјави, како онаа од пред десет години дека на изборите ќе биде касапана.

Но ова изјава на Тачи е само дел од изборниот вокабулар кој се вжештува во албанскиот кампус.

Прво Али Ахмети излезе со предлог Албанец за премиер и го предложи Насер Зибери, односно човекот ( Зибери ) кој беше вицепремиер во владата на Црвенковски таа 1997 година кога беа настаните во Гостивар и апсењето на Руфи Османи.

Пред два дена и Зијадин Села изјави дека ако македонските партии направат македонска влада, Албанците ќе направат албанска влада во Македонија.

И ова е дел на еден фолклор кој го слушаме повеќе години. По оставката на Рамуш Харадинај и покренатото обвинување против Хашим Тачи на Косово јасно е дека Албанците во регионот разбираат дека таа албанска агенда не е во најдобра кондиција и ако Трамп победи на изборите во САД многу работи ќе бидат решени на нивна штета.


Напишете коментар