Германската канцеларка Ангела Меркел вети дека проектот „Северен поток 2“ ќе биде завршен и покрај заканите за санкции од страна на тројца американски сенатори, објави телевизијата МДР.

Телевизијата наведува дека Меркел се спротивставила на санкциите за време на нејзината посета на градот Стралзунд.

Германската влада има намера да ја заврши изградбата на гасоводот„ Северен поток 2 “, и покрај противењето на Соединетите држави“, се вели во соопштението на телевизијата.

Претходно, германската компанија „Унипер“, еден од европските партнери на „Северен поток 2“, објави дека смета дека постои можност проектот за изградба на гасоводот, заради очекуваните нови американски санкции, да се одложи или воопшто да не се заврши.

Проектот „Северен поток 2“ подразбира изградба на два крака на гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.

Американскиот Стејт департмент претходно ги вклучи „Северен поток 2“ и „Турски поток“ во проекти што може да бидат санкционирани. Според американскиот државен секретар Мајк Помпео, на овие проектите ќе им бидат воведени ограничувачки мерки предвидени со Законот за борба против американските противници преку санкции.

Европа останува ранлива пред санкциите на САД, без разлика дали станува збор за мерки во врска со „Северен поток 2“ или Иран, рече германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Поради тоа германскиот Бундестаг ја разгледува можноста за обраќање до Обединетите нации поради американските закани за воведување санкции на гасоводот „Северен поток 2“.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *