Сите продавници кои нудат несуштинска стока, како и училиштата и градинките, ќе бидат затворени во Германија од среда, 16 декември до 10 јануари. Ова го соопшти германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со шефовите на германските покраини, пренесоа светските агенции.

“Принудени сме да дејствуваме и ќе дејствуваме сега“, рече Меркел.

Како дел од строгите мерки, забранета е продажба и консумација на алкохолни пијалоци на јавни места од 16 декември до 10 јануари, како и продажба на пиротехнички средства.

Работодавците ќе мора да понудат повеќе можности за вработените да работат од далечина.

Мерките дополнително ќе ги ограничат социјалните контакти. Тие се неопходни откако сегашните мерки не го запреа ширењето на вирусот.

Воведена е и забрана за собирање на национално ниво за 31 декември и 1 јануари.

Германците кои сакаат да го прослават Божиќ со своите семејства треба да ги намалат своите контакти што е можно повеќе седум дена пред семејната средба. Инаку, социјалните контакти се ограничени на пет возрасни лица од две различни домаќинства. Во периодот од 24 до 26 декември, контактите исто така ќе бидат многу ограничени и тогаш само најблиските роднини ќе имаат право да се дружат меѓу себе.

Што се однесува до забраната за консумирање и продажба на алкохол на јавни места, ова е уште еден удар врз кафулињата и баровите, кои се затворени од почетокот на ноември. Многу од нив започнаа да продаваат греено вино на улични тезги – германска божиќна традиција. Но, ова предизвика загриженост кај надлежните за собирање на повеќе луѓе пред тезгите