Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди денеска дека поради скокот на бројот на заразени и мртви од коронавирус, Германија ќе остане затворена до април. Според институтот Роберт Кох, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 12.802 лица, а починале 891 лице.

Германската канцеларка Ангела Меркел им порача на пратениците од нејзината конзервативна партија дека рестриктивните мерки поради коронавирусот ќе останат на сила во Германија до почетокот на април, пренесува Билд повикувајќи се на учесниците на состанокот.

„Ако не успееме да го запреме овој британски вирус, до Велигден ќе имаме десет пати повеќе бројки. „Потребни ни се уште 10 недели остри мерки“, рече Меркел.

Според институтот Роберт Кох, во последните 24 часа во Германија се заразиле 12.802 лица со ковид-19, а починале 891 лице. Вкупниот број на жртви на коронавирус се зголеми на 41.577, а заразени на 1.933.826.